Двојна победа на Ферари на трката за Големата награда на Унгарија

Од:

Возачите на Ферари ги освоија првите две места на денешната трка за Големата награда на Унгарија што се возеше на патеката Хунгароринг. Прв целта ја мина Себастијан Фетел, кој ја имаше и пол позицијата и не дозволи во ниту еден момент да биде симнат од првата позиција. Второто место му припадна на Кими Раиконен, додека трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.
За Фетел ова беше четврта победа сезонава или вкупно 46.та во кариерата.

Луис Хамилтон трката ја заврши како четвртопласиран, па така сега Фетел ја зголеми разликата во генералниот пласман.

Фетел води во генералниот пласман со 202 бода, Хамилтон има 188, а Ботас 169. Кај конструкторите Мерцедес е прв со 357 бодови, пред Ферари со 318.

Следната трка се вози по летната пауза на 27 август за Големата награда на Белгија.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин