Дваесетина шпански фудбалери осомничени за местење натпревар

Од:

Повеќе од 20 играчи кои учествуваа на натпреварот Леванте – Сарагоса во мај 2011 година се повикани на разговор во Одделението за борба против организираниот криминал во Шпанија.

Како што пренесува „Марка“ постои основано сомнение дека дуелот Леванте – Сарагоса кој заврши со победа на гостите од 2:1 бил наместен за Сарагоса да избори опстанок во најсилното Шпанско фудбалско првенство.

Сарагоса таа сезона во Примера ја заврши на 14.место, а во Секунда (втората лига) се пресели Депортиво Ла Коруња.

Разговорот во Одделението за борба против корупцијата и организираниот криминал е закажан за 3 октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска