Со двата натпревара кои се играат вечер ќе биде означен почетокот на 3. коло во Примера.
Во новата сезона шпанските прволигаши натпреварите ги почнуваат и во термин во 23 часот, па така вечерва се играат дуелите: Алмерија – Елче и Рајо Ваљекано – Леванте.
Утре на програмата се три натпревари: Селта – Гранада, Ваљадолид – Хетафе и Осасуна – Виљареал. Во недела се играат пет дуели, а први на терен точно напладне (почеток 12 часот) ќе истрчаат фудбалерите на Реал Мадрид и на Атлетик Билбао.
На другите натпревари двојките се: Еспањол – Бетис, Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид, Севиља – Малага и Валенсија – Барселона. Максимални 6 бодови по првите две кола имат екипите: Барселона, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Виљареал и Реал Мадрид.