Два гола на Роналдо во победата на Реал над Осасуна

Од:

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо беше најзаслужниот за новата победа на неговиот клуб со која остана во трка за шампионската титула. Синоќа во Мадрид, Реал со 4:0 ја совлада Осасуна.

Покрај Португалецот кој погоди во 6. И 52. минута, за домаќините реализираа и Серхио Рамос (60.минута) и Даниел Карвахал 83. минута.

На другите одиграни натпревари од 35. коло во Примера: Елче – Леванте 1:1, Гранада – Рајо Ваљекано 0:3, Хетафе – Малага 1:0 и Бетис – Сосиедад 0:1.

Денеска се среќаваат: Еспањол – Алмерија, Валенсија – Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао – Севиља и Виљареал – Барселона.

Последниот дуел од овој круг се игра утревечер меѓу Селта Виго и Ваљадолид.

Табела: Атлетико Мадрид 85 бодови, Реал Мадрид 82, Барселона 81, Атлетик Билбао 62, Севиља 59,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска