Друловиќ и официјално веќе не е селектор на Македонија

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Љубинко Друловиќ се согласија соработката да не биде продолжена. Друловиќ на позицијата селектор на „А“ репрезентацијата на Македонија дојде во април 2015 година и на пет натпревари забележа само еден нерешен резултат и четири порази.

Според договорот постоеше и можност за продолжување на соработката на уште две години, но исто така стоеше дека цел е Македонија да биде пласирана не подолу од четвртото место.

Македонија квалификациите во групата ги заврши на последното (шесто) место.

– Сакам да им се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија и на Управниот одбор за соработката и поддршката која сето ова време ми ја даваа мене и на стручниот штаб со цел да бидеме успешни. Исто така, сакам да им се заблагодарам на играчите и искрено на секој од нив му посакувам успех во репрезентацијата и во нивните клубови. Квалификациите за Европското првенство не ги завршивме со пласман до четвртото место, а бидејќи тоа беше еден од условите од мојот договор со ФФМ, нема да ја продолжиме соработката. Како професионалец, за мене резултатот секогаш е мерило за успехот, жал ми е што не остваривме подобри резултати во квалификациите за ЕП 2016. Македонската репрезентација има млади играчи и сигурен сум дека во иднина ќе бидат многу поуспешни. Им се заблагодарувам и на луѓето од стручниот штаб кои го вложија своето знаење и труд за да бидеме успешни. Сигурен сум дека сите на свој начин посакуваа успех и добри резултати. Продолжуваме на различни страни, но и понатаму ќе бидам голем поддржувач на репрезентацијата на Македонија, изјави Љубинко Друловиќ за интернет страницата на ФФМ.

Инаку, Друловиќ веќе од денеска треба да го презеде водењето на белградски Партизан.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска