Дождот не дозволува да се одржат квалификациите за италијанското Гранд при

Од:

Поројните и долготрајни врнежи од дожд се главна причина поради која се пролонгираат квалификациите за италијанското Гранд при.

Иако требаше да завршат пред повеќе од 90 минути, сепак денешните квалификации за пол-позицијата за Големата награда на Италија која ќе се вози на патеката во Монца се уште не се завршени.

Стартуваа навреме, а беа извозени само шест минути од првата квалификациска сесија, по која возачот на Хас, Роман Грожан излета на стартно-целната рамнина иако оствари трето најбрзо време. Тој двапати загуби контрола на болидот пред да удри во ѕидот.

Организаторот реши да ја прекина квалификациската сесија, но дождот и натаму ги прави тешки за возење условите на патеката во Монца, па засега продолжувањето на квалификациите е неизвесно.

Доколку времето не дозволи одржување на квалификациите денеска, тие ќе се возат утре пред стартот на 13-тата трката во годинашниот шампионат на Формула 1.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин