Доктор Бошко Илиев од Кавадарци го реализираше својот 51 маратон во пливање

Од:

Докторот по спортска медицина Бошко Илиев од Кавадарци, на јавноста познат и како маратонски пливач, вчера го реализираше својот 51 маратон во пливање, на езерото Мантово, општина Конче кај Радовиш. Исплива шест километри за два часа и 42 минути.

– Се чувствував одлично, вообичаено нормално малку и напрегнато секогаш од самиот настан, водата беше мирна. Проблем со кондицијата немам, летово ова ми е петти маратон. Пред некој ден пливав девет километри на реката Сава во Србија, рече Илиев.

Вообичаено за вакви потфати, маратонецот имаше придружба од неколкумина во чамец, меѓу кои и негов колега доктор.

– Целта ми е да го промовирам пливањето како спорт, но и нашите богатства, преубавите природни и вештачки езера, за чии убавини многумина дури и не се свесни. Во иднина цел на моето маратонско пливање ќе бидат Маврово, Дебарско, Калиманци, Стрежево, Преспанско, потенцира Илиев.

Докторот информираше дека досега има испливано официјални 267 километри, а неофицијално со тренинзи, неколку илјади километри.

Маратонски пливал на 14 езера, главно во Македонија, но и во земјите од поранешна Југославија. Во неговата кариера на маратонски пливач забележани се и четири реки, Сава, Дунав, Тиса и Западна Морава, како и четири мориња, Јадранско, Јонско, Црно и Егејско.

Има освоено 11 медали за маратонско пливање, а на еден од маратоните во Бугарија има добиено награда за најдобар учесник странец.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска