Доколку успее да го елиминира Малме, македонскиот фудбалски првак Вардар во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Жилина (Словачка) и Копенхаген (Данска).
Првиот дуел од овие два тима заврши со победа на данскиот клуб од 1:3 на гостувањето во Словачка, што значи дека во вториот меч Копенхаген влегува со голема предност и се наоѓа пред пласман во следната рунда.
Првиот натпревар, пак, помеѓу Малме и Вардар заврши нерешено 1:1, па во вторник во Струмица, по реваншот ќе се знае патникот во следната рунда.
Според ждрепката на УЕФА, Вардар би ја играл првата средба на гостински терен на 25 или 26 јули, додека на реваншот на 1 или 2 август треба да биде домаќин.