Договорено продлабочување на соработката во областа на спортот меѓу Македонија и Србија

Од:

За време на дводневната посета на Република Србија, делегација од Агенцијата за млади и спорт предводена од директорот Александар Пујовски присуствуваше во рамки на Меѓународната младинска конференција, а беше остварена и билатерална средба меѓу директорот Пујовски и министерот за млади и спорт на Република Србија Алиса Мариќ.

Покрај разгледувањето на концептите на поддршка на врвниот спорт и можноста за продлабочување на соработката во овој сегмент, Мариќ и Пујовски нотираа и сегменти каде низ меѓусебна поддршка и конкретни активности на секоја од страните, би се овозможило унапредување на одредени развојни концепти во областа на спортот и младите, онаму каде на истите им е потребна.
Во рамки на средбата, Пујовски, покрај останатото, информираше за искуствата и статусот во однос на проектот „Спортска академија“ кој започна да се реализира во нашата држава минатата година.

Српската страна покажа огромен интерес за овој проект при што, на покана на македонската страна, министерот Мариќ прелиминарно најави возвратна посета на нашата земја во текот на наредниот месец каде заедно со повикани лица од Министерството за млади и спорт на Република Србија, со што би се овозможило нашиот северен сосед непосредно да се запознае со целосниот концепт на функционирање на овој проект.

Во сферата на младите, на заинтересираност на македонската страна, Мариќ ги образложи искуствата на својата земја во однос на „Европската младинска картичка“. Тоа е картичка која нуди многу поволности за младите луѓе во голем дел од земјите во Европа. Преку неа, нејзините корисници добиваат голем број разновидни попусти во своите земји, но и во останати. Европската младинска картичка е воспоставена од страна на Младинската Асоцијација за Младинската Картичка, а поттикната е од страна на Советот на Европа.

Настанот во Белград беше организиран од страна на Министерството за млади и спорт на Република Србија и Централно Европската Иницијатива, а на истата присуствуваа претставници од 25 европски земји, вклучително ресорни претставници од Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска