Џерард: Ако си оди Суарез тешко да обезбедиме учество во Лиагата на шампионите

Од:

Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард изјави дека пласманот на неговиот тим следната сезона ќе зависи од одлуката на Луис Суарез дали ќе остане или ќе го напушти „Енфилд“.

– Во конкуренција на Манчестер Јунајтед, Челзи и Манчестер Сити, тешко е да се обезбеди пласман во големата четворка. За последното место и влез во Лигата на шампионите конкурираме ние, Арсенал и Тотенхем, но дали ќе имаме реални шанси зависи од одлуката на Суарез за неговиот иден ангажман, истакна Џерард.

Тој додаде дека евентуално „губење“ на Уругваецот од тимот ќе значи големо ослабување, а посебно погубно за Ливерпул би било одењето на Суарез во големиот ривал Арсенал.

Капитенот на „црвените“ упати апел до раководството да го задржи уругвајскиот репрезентативец и да направи напор за носење на уште едно до две квалитетни засилувања со што значително би се зголемиле шансите за висок пласман. з

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“