Динев и Нејков од Бугарија победници на меѓународното „Мacedonian trophy“

Од:

Љубен Динев и Димитар Нејков од Бугаријата се победници на годинашниов втор по ред меѓународен натпревар со џипови, насловен „Мacedonian trophy“ што се одржа викендов на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово и во околината на Прилеп.

Тие се победници во најтешката и најекстремна „трофи“ категорија и го повторија резултатот од минатогодишното, прво трофи натпреварување, единствено од ваков вид во Македонија во организација на клубот „Офф роуд Прилеп“.

Второро и тертото место го освоија Пламен Исајев и Кирил Киров го односно Јордан Стајков и Стефан Иванов, исто така од Бугарија. Во категоријата „адвенчр“ годинашни победници се Ивица Јакимоски и Јован Мрда од Македонија.

Возачот и победник на годинашново „Мacedonian trophy“ Љубен Динев рече дека е задоволен од одличните резултати, но и од организацијата и високото ниво на натпреварувањето.

– Со најголемо задовоство учествуваме на македонското трофи. Веќе нивото на организација е многу високо, а и стандардите се меѓународни. Сето ова го доближува натпреварот до балканско трофи и се ќе направиме да влезе и да се бодува во меѓународните натпреварувања, рече Динев.

Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „Офф роуд Прилеп“, организатор на македонското трофи натпреварување со џипови вели дека е задоволен како поминаа двата натпреварувачки дена.

– Годинашново македонско трофи натпреварување помина со многу поголем број учесници, но и бројна љубопитна публика. Имавме во двата дена околу 200 натпреварувачи од Бугарија, Грција, Србија и Македонија. Вчера се возеа 30 километри од полигонот во Старо Лагово преку селото Селце и месноста Шаторов Камен. Денеска натпреварувачите во трите категории (трофи, адвенчр и туристичката) возеа по поставената траса на полигонот од околу 4 километри. Задоволство беше што имаше голем број заинтересирани да ги следат натпреварите, многу подобра организација со високи стандарди во споредба со лани. Правилата и условите за натпреварување беа според европските стандарди. Желба и план е ова да прерасне во традиција и ова трофи да се бодува во некој од меѓународните купови, изјави Чупаркоски.

Ова меѓународно натпреварување го посетија и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за транспорт и врски Горан Сугарески.

Македонското трофи меѓународно натпреварување ја има подршката од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и според претставникот Живка Цветкоска Андоновска, авантуристичкиот туризам привлекува голем број посетители и е сега светски тренд што е одлично за Македонија зашто, според истражувањата 74 отсто од туристичкиот приход е за локалните заедници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна