Димушевски и Гушиќ најдобри во класата, десетти во ЦЕЗ

Од:

Македонската рели посада Владимир Димушевски и Бранко Гушиќ имаа успешен дебитантски настап на Рели Мионица во Србија освојувајќи го 10 – тото место во рели шампионатот на Централно Европската Зона (ЦЕЗ). Нашиот екипаж беше најдобар во нивната класа RC5 која се бодува за отвореното рели првенство на Србија, а севкупно беа 12. од 25 екипажи колку што се натпреваруваа на релито.

Настапувајќи со „Hyundai i20 Coupe RC5“, подготвено од бугарскиот рели тим „MSA Motorsport Academy“, Димушевски и Гушиќ по пауза од повеќе од 20 години се првите македонски автомобилисти со настап на меѓународна рели трка. Поранешниот трикратен шампион на Македонија на кружни патеки, Димушевски по пауза од 10 години, со овој настап повторно се враќа во активно натпреварување како дел од проектот за формирање на македонски рели тим заедно со некогашната легенда на македонскиот автомобилизам, неговиот татко Александар.

Како за прв настап, примарна цел на Димушевски и Гушиќ беше собирање на искуство за ваков тип на натпревари, навикнување на возилото и тимот и пред се, да се успешно да се комплетира целото рели.

„Задоволни сме од настапот, се беше супер. Можевме и подобро, имавме шанси и за топ 10 финиш во генерала, но последната седма етапа беше многу тешка и комплицирана, па решивме да не ризикуваме, да возиме за да го завршиме релито и да го сочуваме автомобилот. Се на се, навистина ова беше една многу успешна лекција, научивме многу работи, функциониравме одлично како тим и мислам дека можеме да постигнеме и подобри резултати на идните трк“, изјави возачот Владимир Димушевски.

„Возилото беше одлично подготвено и се покажа многу конкурентно. Но, сепак, овде ни беше примарна цел да го завршиме релито и да научиме што е можно повеќе работи. Имаме простор за напредок, недостатокот од рели искуство го надоместувавме од етапа во етапа, имаме добро возило и мислам дека во иднина ќе можеме да атакуваме и на подобар пласман. Со Влатко сме поминале многу во автомобилизмот, но релито сепак е многу поспецифична и потешка дисциплина“, рече совозаќот Бранко Гушиќ.

Релито Мионица беше поделено на седум брзински испити, а севкупен победник беше домашниот возач Лазар Миловановиќ со „Ford Fiesta“ пред Бугаринот Антон Титов со „Skoda Fabia R5“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна

ВИДЕО: Ги покажа градите на релито – возачот излета од патеката

Предраг Петровиќ