Димитријевиќ: Клучно против Естонија ќе биде да одиграме колективно

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација ја пречекува Естонија на стартот на во квалификациите за Европското првенство 2021 година. За овој дуел, поради повреда неизвесен беше настапот на талентираниот кошаркар Ненад Димитријевиќ, кој се очекува да биде носител на играта на „црвено-жолтите“ во иднина.

Според Димитријевиќ, клучно за успех ќе биде да се одигра максимално колективно, како во нападот, така и во одбраната.

– Повредата дојде во незгоден момент, бев под еден посебен третман, но ќе играм вечерва против Естонците. Мислам дека клучно за овој меч ќе биде да одиграме колективно, Естонија можеме да ја победиме само ако одиграме како екипа, да си помагаме на теренот. Знаеме дека играат брза кошарка, јас сум навикнат на такво нешто од настапите во Шпанија и во Еврокупот, можеме да им одговориме на вистински начин и да стигнеме до посакуваната победа, изјави Димитријевиќ за веб-страницата на КФСМ.

Натпреварот се игра вечер од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он