Дибала: Ќе му помогнеме на Меси да стане светски шампион

Од:

Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала е на мислење дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата и изрази радост дека ќе има можност да игра заедно со него на претстојниот Мундијал во Русија. Дибала изјави дека сите во Аргентина ќе се обидат да му помогнат на Меси во обидот да освои нешто битно во дресот на националниот тим.

– Да тренираш со Меси и да имаш можност да го гледаш секој ден е нешто уникатно. Можеш да научиш многу за квалитетите кои ги поседува. Сите сакаме да бидеме крунисани како светски шампиони. Нема да биде воопшто лесно, но го имаме најдобриот фудбалер во историјата. Ќе направиме се што е во наша моќ да го оствариме тоа, изјави Дибала за „Кадена 3“.

Напаѓачот додаде дека кај секој постои огромна желба да му помогнат на асот на Барса да постигне нешто со националниот тим.

– Ние ќе се обидеме да му помогнеме кога сме на теренот. Секој сонува да го има најдобриот играч во историјата на фудбалот во својот состав и сите сакаат тој да биде светски шампион, заклучи напаѓачот на Јуве.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он