Ди Франческо: Не смееме да ги повториме грешките од Украина

Од:

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо ќе бара од своите фудбалери целосна концентрација на натпреварот против Шахтјор на „Олимпико“. Реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на Шампионите е утре, а Украинците имаат предност од 2:1 од првиот натпревар.

– Не можеме да си дозволиме да излеземе на теренот со став дека 45 минути добра игра ќе ни бидат доволни. Многу често оваа сезона наизменично игравме добри и лоши полувремиња. Се надевам дека овој пат ќе играме на постојано ниво во текот на целата средба, бидејќи немаме право на грешка, изјави тренерот на „волчицата“ на редовниот прес пред мечот во ЛШ.

Ди Франческо ќе инсистира на тоа да се почитува тактичката дисциплина во текот на целиот натпревар.

– Дури и да поведеме во резултатот сакам да го зачуваме нашиот стил. Во првиот натпревар во Украина дозволивме доста грешки – не само индивидуални, но и како тим. Не смеееме да си дозволиме да го повториме тоа и во реваншот, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска