Деведесет илјади денари од ракометарот Борко Ристевски за Детската клиника

Од:

Деведесет илјади денари донираше македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристевски за Клиниката за детски болести во Скопје.

Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова денеска на прес-конференција се заблагодари за донацијата и изрази уверување дека и други спортисти ќе им помогнат на децата.

– Размислувавме дали парите да се вложат во опрема или во дел за заокружување особено на Онколошкиот оддел каде ќе имаме трпезарија каде ќе доаѓаат разни забавувачи на дечињата, една мини училница…Верувам дека во тој дел ќе бидат вложени средствата. Идната година со новите планови сигурно ќе направиме такво нешто и за сите одделенија, додаде Софијанова.

Ристевски изрази надеж дека овој негов потег ќе мотивира други спортисти и сите кои имаат можност финансиски да донираат и сите заедно да помогнат и Клиниката да ја направат едно попријатно место за сите дечиња кои имаат потреба од лекарска помош.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП