Дешан: Франција покажа слабост дозволувајќи им на Швајцарците да се вратат во игра

Од:

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешан ги сумираше впечатоците од натпреварот против Швајцарија (3:3, на пенали – 4:5) во осминафиналето на ЕВРО 2020.

– Секогаш е тешко да се објасни вакво нешто. Не успеавме во првото полувреме, а потоа го сторивме потребното за да ја свртиме ситуацијата во втората половина на мечот. Обично сме силни и самоуверени, но денес покажавме слабост што и дозволи на Швајцарија да се врати во игра. Тешко е и болно. Направивме сè за сето тоа да заврши поинаку. Ова е фудбал. Денес турнирот заврши за нас. Нема магични формули, станува збор за наоѓање рамнотежа. Во тимот постои единство и солидарност. Јас сум одговорен кога работите ќе тргнат наопаку. Јас сум со играчите и тие се со мене. Потребно ни е време да се справиме со ов, изјави Дешан.

Франција која е актуелен светски првак, со елиминацијата во осминафиналето, ја доживеа судбината на Португалија која сè уште е европски шампион.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

Мери Јордановска