Светското пливање има нов рекордер, десет годишната Алзаин Тарек пливачка од Бахреин се појави на стартот во квалификациите за 50 метри пеперутка и со тоа стана најмладиот натпреварувач во историјата на пливањето.
Тарек очекувано се пласираше на последна позиција, но нејзиното појавување на стартот предизвика и шок и симпатии кај конкурентите и медиумите.
-Никогаш не сум пливала пред олку публика, сите се љубопитни и изненадени, ме прашуваат од каде сум и како се викам… Многу сум среќна, сакам да научам уште подобро да пливам, изјави таа по трката.
Нејзината цел е да плива на ОИ 2020 во Токио.