Дербито од 1. коло на СЕХА лигата меѓу Вардар и Металург

Од:

Двата најдобри македонски ракометни колективи Вардар и Металург, ќе играат во 1.коло од новата сезона на регионалната СЕХА лига.

Бранителот на титулата Вардар сезоната ќе ја започне со мечот на домашен терен и тоа против градскиот ривал Металуг.

Новата сезона ќе стартува на 2 септември, а натпреварите од лигашкиот дел треба да завршат на 15 март 2015 година.

Шампионот повторно ќе биде решен на завршен Фајнал-фор турнир, кој ќе се одржи од 27 до 29 март 2015 година, а местото на одржување дополнително ќе биде одредено.

По откажувањето на клубовите од Словенија и приклучувањето на унгарскиот Веспрем, системот на натпреварување останува ист со 10 екипи.

Двојките за првото коло во новата сезона на СЕХА лигата се: Вардар – Металург, Нексе – Загреб, Мешков – Борац, Раднички – Војводина и Татран – Веспрем.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП