Дербито на 7. коло од Шпанското фудбалско првенство се одигра синоќа во Мадрид каде градските ривали Реал и Атлетико одиграа натпревар на „Сатијаго Бернабе“. Добрата форма ја покажаа гостите кои ја постигнаа седмата во исто толку натпревари и со шампиониот Барселона се на делба на првото место.
Натпреварот беше решен во 11. минута кога на асистенција на Коке, Диего Коста ја затресе мрежата на Диего Лопез и му донесе победа на Атлетико. По овој пораз, Реал Мадрид и покрај скапите засилувања во летниот преоден рок, по само седум одиграни кола веќе заостанува пет бода зад водечкиот тандем.
Во рамките на овој круг во Примера постигнати се следниве резултати: Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 0:1, Реал Сосиедад – Севиља 1:1, Алмерија – Барселона 0:2, Валенсија – Рајо Ваљекано 1:0 и Ваљадолид – Малага 2:2.
Денеска се играат натпреварите: Осасуна – Леванте, Селта – Елче, Еспањол – Хетафе, Бетис – Виљареал, а утре на програмата е дуелот Гранада – Атлетик Билбао.
Табела: Барселона 21 бод, Атлетико Мадрид 21, Реал Мадрид 16, Виљареал 14, Атлетик Билбао 12, Валенсија 12,…