Депортиво пред згаснување

Од:

Славниот шпански клуб Депортиво од Ла Коруња дефинитивно поминува низ многу тежок период во клупската историја.

Како што пишуваат шпанските медиуми, на клубот од „Риазор“ му се заканува згаснување, со оглед на големите финансиски проблеми. Депортиво е на последното место во Примера и се на чекор до испаѓање од елитата во Шпанија, но се чини дека тоа не е нивниот најголем проблем.

Овој клуб во периодот од 2-3 години може да биде ликвидиран, доколку не се направи план како да се исплатат огромните долгови во кои западнаа „плаво-белите“.

„Ќе западнеме во компликувана ситуација, доколку нешто не се смени во најскоро време. Депортиво мора да ги почитува роковите и репрограмирање на своите долгови. Ако тоа не се случи, едноставно тие за 2-3 години нема веќе да постојат“ – изјави потпретседателот на шпанската лига, Хавиер Тебас.

Шпанскиот клуб е основан во 1906. година, а најголем успех за нив е кога во сезоната 1999/2000 ја освоија шпанската лига. Уште 5 пати беа вицешампиони во својата држава, додека клубот може да се пофали и со два трофеи во Купот. Кога се во прашање европските натпреварувања, Депортиво најголемиот успех го забележа во 2004. година кога стигна до полуфинале во Лигата на шампионите, а многу и ден денес го прераскажуваат историскиот триумф во реваншот од четвртфиналетопротив Милан, 4:0.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска