Депортиво освои бод на Камп Ноу

Од:

Екипата на Депортиво направи изненадување во 15. коло на Примера откако на гостувањето кај лидерот Барселона одигра нерешено 2:2.

Барселона имаше водство од 2:0 со головите на Лионел Меси (39.минута) и Иван Ракитиќ (62), но до крајот на дуелот Депортиво со головите на Лукас Перез (77) и Алекс Бергантинос (86) успеа да изедначи.

На вчера одиграниот дуел од 15.коло Хетафе и Реал Сосиедад одиграа нерешно 1:1.

Во тек се натпреварите: Селта – Еспањол и Леванте – Гранада.
Вечерва ќе играат: Севиља – Хихон, Лас Палмас – Бетис.
Утре се играат дуелите: Рајо Ваљекано – Малага, Еибар – Валенсија, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао и Виљареал – Реал Мадрид.

Табела: Барселона 35 бодови, Атлетико Мадрид 32, Реал Мадрид 30, Селта 25, Виљареал 24, Депортиво 23, Атлетик Билбао 21,…

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска