Денес ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите

Од:

Европската фудбалска федерација попладне со почеток во 18 часот во „Гриманди форум“ во Монако ќе ја почне жрепката за групите во Лигата на шампионите. Пред извлекувањето, 32 екипи се поделени во четири „шешири“.

Во првиот „шешир“ се: Ливерпул (Англија), Челзи (Англија), Барселона (Шпанија), Баерн Минхен, (Германија), Јувентус (Италија), Манчестер Сити (Англија)
ПСЖ (Франција) и Зенит (Русија).

Изглед на „шешир 2“: Реал Мадрид (Шпанија), Атлетико (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија), Наполи (Италија), Шахтјор (Украина), Тотенхем (Англија), Ајакс (Холандија) и Бенфика (Португалија).

Трет „шешир“: Лион (Франција), Баер Леверкузен (Германија), Салцбург (Австрија),
Олимпијакос (Грција), Клуб Бриж (Белгија), Валенсија (Шпанија), Интер (Италија) и Динамо Загреб (Хрватска).

Во четвртиот „шешир“ се сместени: Локомотив Москва (Русија), Генк (Белгија), Галатасарај (Турција), Лајпциг (Германија), Славија Прага(Чешка), Црвена ѕвезда (Србија), Аталанта (Италија) и Лил (Франција).

Победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа минатата сезона, Ливерпул и Челзи, како и победниците на шампионатите од најсилните првенства во рангот на УЕФА се сместени во првиот „шешир“. Сите други клубови се сместени во другите „шешири“ според рејтингот што клубот го има во УЕФА.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска