Демонстранти ја прекинаа посетата на претставници на ФИФА на Бразил

Од:

Група демонстранти ја прекинаа посетата на официјални претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на бразилскиот град Кујаби, за време на надгледувањето на изградбата на стадионот за Светското фудбалско првенство во 2014 година.

Десетици демонстранти, незадоволни од социјалната програма во најголемата јужноамеријанска држава, бараа издвојување на повеќе средства за здравството и образование, носејќи транспаренти со написот „ФИФА, оди си дома“.

Некои од нив подоцна се обидоа да ја прекинат прес-конференцијата на генералниот секретар на ФИФА Жерон Валке, а по интервенцијата на обезбедувањето настанот не се одвиваше како што претходно беше планирано.

– Луѓето се слободни и протестите се дел од демократијата, изјави Валке, фалејќи го напредокот на работите на стадионот во Кујаби, град во западен Бразил.

Валке меѓутоа беше исвиркан, како и локалниот градоначалник, но и поранешните репрезентативци Роналдо и Бебето, кои се членови на Организациониот комитет на Мундијалот 2014.

Протестите во Кујаби се случуваат четири месеци, откако милиони луѓе излегоа на улиците на градовите ширум Бразил, барајќи подобрување на социјалните програми во земјата.

 

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА