Дел Боске тренер на годината

Од:

Селекторот на Шпанија, Винсенте Дел Боске е прогласен за најдобар тренер во 2012 година, во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Дел Боске беше на чело на Шпанија со која го одбрани тронот на европското првенство во 2012 година во Полска и Украина. Тој во изборот беше убедливо прв со 231 бод. Ова за него е трето вакво признание од Институтот, претходно беше најдобар и во 2009 и во 2010 година.

Топ 5 тренери за 2012 во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

1. Винсенте Дел Боске – Шпанија 231 бод
2. Чезаре Прандели – Италија 83 бода
3. Луис Фернандо Тена – Мексико 70 бода
4. Јоаким Лев – Германија 48 бода
5. Херве Ренард – Замбија 38 бода.

Изборот на најдобар тренер се организира од 1996 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска