Висенте дел Боске ќе продолжи да ја извршува селекторската функција во шпанската фудбалска репрезентација и покрај неуспехот на се уште актуелниот светски првак на Мундијалот во Бразил.
Шпанскиот селектор ужива целосна доверба кај Фудбалската федерација на Шпанија и нејзиниот претседател Анхел Виљар.
– Во ниту еден момент не помисливме да го менуваме селекторот. Дел Боске е вистинско фудбалско богатство за Шпанија. Тој останува да ја предводи нашата селекција, истакна Виљар.
Шпанија на Мундијалот во Бразил важеше за еден од најголемите фаворити за највисок пласман, но по поразите од Холандија и Чиле не ја помина ниту групната фаза во која оствари само една победа против аутсајдерот Австралија.