Дел Боске: Никогаш повеќе во Реал Мадрид

Од:

Селекторот на Шпанија, Винсенте Дел Боске не е заинтересиран да се врати на клупата на Реал Мадрид.

По сезоната без освоен трофеј, претседателот на “кралскиот клуб“, Флорентино Перез изјави дека за Дел Боске “секогаш ќе има место во Реал“ ако реши да го напушти кормилото на “Црвената Фурија“.

“Немам намера да се враќам во Реал или да водам било кој друг тим. Го ценам тоа што го кажал (Перез), но целосно сум фокусиран на работата во националниот тим“, изјави Шпанецот за Еуроспорт.

Тој во интервјуто исто така му даде поддршка на голманот на тимот од Мадрид, Икер Касиљас, чие несогласување со тренерот на тимот, Жозе Мурињо, доведе до лоша атмосфера во соблекувалната.

“Беше болно да се гледа низ што поминува Икер. Се ставив себе си на негово место и мислам дека си помислил: Зошто ми се случува ова? Тој е прв избор за репрезентацијата, но никогаш не би се мешал во одлуките на тренерот на Реал“, изјави Дел Боске.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска