Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт е едно од жешките имиња на летниоттрансфер пазар, па затоа неговиот нов јавен настап е дефинитивно интересен. Во позадина на континуираните шпекулации за преселба во Барселона или Манчестер Јунајтед, холандскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека постојат значителни шанси да остане во Амстердам.
Деветнаесет годишниот фудбалер освои двојна титула на домашна сцена и беше еден од главните двигатели за импресивниот пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во април тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, во директен текст, ги дефинираше како нула шансите Де Лихт да ја започне сезоната 2019/2020 на „Јохан Кројф арена“.
– Искрено, немам клуб од соништата, настрана Ајакс. Јас секогаш сум сонувал да играм за Ајакс и успеав да го постигнам тоа. Во моментов гледам што би било најдобро за мојата кариера и каде е најдоброто место за мојот развој. Ако е најдобро да се подготвам за новата сезона со Ајакс или друг тим, тоа е она што јас ќе го сторам. Се додека имам договор со Ајакс, дефинитивно има шанса да останам, изјави Де Лихт.