Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Од:

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски овој викенд настапува на финалниот гран при викенд од WTCR, кој се одржува на патеката во Џеда, Саудиска Арабија.

Во саботните квалификации тој успеа да оствари пласман во втората квалификациска сесија, а во неа го зазема 9.место со време кое беше за нешто повеќе од половина секунда побавно од она на провизорната пол позиција во тој момент.

Согласно правилата, тој во првата трка ќе стартува од 9. место, додека во втората трка кога првите 10 возачи ги ротираат стартните позиции, ќе се најде на 2. место од првиот ред.

Давидовски настапува за тимот „Comtoyou“, а неговиот тимски колеги Натаниел Бертон ја има пол позицијата во првата трка.

Шампионот на ТЦР Европа, Франко Џиролами, кој исто како Давидовски настапува со „вајлд карта“, ќе стартува од шестото место, откако задоцни нецели три десетинки во својот најбрз круг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна