Дарко Нашков избран за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија

Од:

За нов претседател на Пливачката федерација на Македонија едногласно со вкупно 28 гласа денеска е избран Дарко Нашков, информираат од Иницијативниот одбор за одржување на вонредното собрание.

На вонредно собрание во Скопје, на кое учествуваа 14 клуба со решение за дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт од вкупно 25, едногласно изгласан и Статут, Претседател, заменик претседатели за пливање, далечинско пливање и ватерполо, Управен одбор и останати тела на Пливачката Федерација.

За претседател за пливање е изгласан Мартин Стефановски, за претседател за пливање на отворени води Кире Трендафилов, за ватерполо Сашо Спировски. Едногласно е изгласан и новиот Управен одбор во состав Тодоровски Сашо, Ернест Вацев, Мустафа Рамадани, Наташа Мешковска, Александар Спирковски, Милчо Верушевски и Катерина Стојановска, се наведува во соопштението на Иницијативниот одбор за одржување на вонредното собрание.

На собранието присуствуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и Томче Андоновски од сектор спорт.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска