Данило од Порто во Реал

Од:

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид и поругалскиот шампион Порто доцна синоќа постигнаа согласност околу трансферот на десниот бек Данило Луис да Силва кој треба да се реализира на крајот од сезоната за 31,5 милиони евра.

Бразилецот следните шест сезона ќе биде дел од „кралскиот клуб“ кој беше најбрз и најконкретен во понудата. За Данило сериозно беа заинтересирани уште неколку силни европски екипи меѓу кои и големиот ривал на Реал, тимот на Барселона.

23-годишниот Данило во својата кариера освен за Порто има настапувано и за Сантос и Америка од Минера. За бразилската репрезентација одиграл 11 натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски