Македонската пливачка Ана Марија Дамјановска денеска во трката на 50 метри слободно на Европското првенство во Лондон го освои 58. место во конкуренција на 62 натпреварувачки.
Дамјановска беше најбрза во првата од седумте групи. Таа исплива со време 27.58 секунди, половина секунда подобар резултат од нејзиното пријавено време.
Македонска рекордерка на 50 метри е Анастасија Богдановски со 26.43 секунди. Богдановски не настапи на ЕП во Лондон, бидејќи се подготвува за настап на Олимписките игри во Рио.