Дали фудбал или пиво?

Од:

Не знам како се борите со тропските горештини кои почнаа, но сигурен сум дека Мундијалот во Бразил ќе биде еден од главните лекови.

Дали љубов или пиво – пее белградското трио Bad Copy, што во духот на сегашната фудбалска грозница може да се препее во фудбал и пиво.

Тие два феномена ќе бидат најверни другари на мажите, но и на се повеќе жени во светот, бидејќи ова задоволство го чекавме цели четири години.

Сепак, многу дами не спаѓаат во фудбалските фанови, па Мундијалот во принцип е повод за несогласувања на вљубените партнери. Има и ретки мажи кои не сакаат фудбал и кои на Светското првенство се радуваат од сосема неспортски причини.

– Е, гледаш брате, сега ќе почне овој фудбал, а маса на жени ќе се досадуваат цел месец, тоа е вистинско време за напад другарче, е еден од советите кои ги слушав овие денови.

Поентата е дека Мундијалот никого не го остава рамнодушен, било да е тоа маж, жена, љубител или мразач на фудбалот, едноставно не можете да останете индиференти.

Прво Светско првенство на кое се сеќавам беше во Мексико во 1986 година, кога легендарниот Диего држеше часови по фудбал на тогаш најголемите фудбалски имиња на планетата. Од тогаш Мундијалот за мене стана еден вид на култ, значително помал, признавам, откако Југославија беше окупирана, сепак, култ кој е сеприсутен.

Бидејќи нашата репрезентација не настапува во Бразил, фаворитите ги избирам само според убавината на играта, така Аргентина и Бразил имаат најмногу симпатии во моето срце.

Тука некаде е и Босна, но тоа сепак не е тоа чувство како кога навивате за својата држава.
Кога се работи за репрезентацијата на Хрватска, неа одамна ја отпишав од списокот на симпатични тимови од односот на Шумониќ  на Максимир. Да се разбереме, не поради неговиот фашистичко-усташки поздрав, туку поради отпоздравот на 30.000 морално пропаднати, т.н. навивачи. Фудбалот секогаш бил цел за дневно-политички препукувања, кои на крај мора да имаат несогледливи размери, што ние на Балканот и тоа како добро го почувствувавме на своја кожа.

Затоа само спортскиот пристап на феноменот на најважната споредна работа на светот е единствено исправен и чесен. Кој и да почне да ве убедува во спротивното знајте дека свесно или несвесно спроведува некоја монетарло-неолиберална агенда.

На сите љубители на фудбалот им посакувам, со пиво или други омилени пијалоци, во мир да ги проследат натпреварите на Мундијалот, па нека победи најдобриот тим.

Мене ме интересира што поголем број магични потези – дриблинзи, штикли, сомбрера, суви листови, ножички и сите тие одлични потези кои на фудбалот му даваат душа и го прават своевидна уметност.

Секоја чест на Германците, нивната дисциплина, посветеност и издржливот, но со должна почит, да ме интересираа атлетичари би гледал митинзи од Златните игри или некои триатлони.

Фудбалот е сепак нешто повеќе од борба за резултат. Да не е така цивилизацијата и понатаму не би го користела спортот како симулација за војни меѓу ѕвездите. Спортот не е војна, иако е борба, иако е натпревар. Затоа фудбалот во срце, пивото во рака и очите на екранот.

Побједа – Подгорица

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он