Двократниот светски рели шампион и Дакар победник од 2010. година, Карлос Саинц, повторно ќе се натпреварува во најголемиот собир во светот во јануари, по една година пауза.
Дакар релито пред неколку години поради безбедносни причини, се пресели од Африка во Јужна Америка, па на собирот во јануари кој ќе се вози од Лима, Перу до Сантијаго, Чиле, потоа ќе помине низ Аргентина ќе учествува и Саинц.
Карлос ќе вози за тимот на Ред Бул, заедно со шампионот од 2011 година Насер Ал Атијах.
Детали за кој автомобилот ќе возат Атијах и Саинц не се познати, но информациите кои протекоа во јавноста дека ќе биде баги со погон на две тркала. Тоа ќе биде интересно искуство за двата шампиони кои се појавија заено во Фолксваген.
Насер минатата година се повлече од релито поради механички проблеми на неговиот Хамер.
Карлос Саинц својот прекар „Ел Матадор” го заработил благодарение на стилот на возење во Светскиот рели шампионат и одлично возење на Дакар.
„Ел Матадор” за прв пат учествуваше во Дакар во 2006 година годината тогаш заврши на 11 место. Релито заради безбедносни причини беше откажано 2008. следната година имаше една несреќа затоа не ја заврши трката. А 2010 беше шампион.