Кошаркарите на Црвена звезда ја постигнаа и втората победа во АБА лигата, откако синоќа на домашен терен ја совладаа Цедевита со 88:64 (15:7; 23:25; 28:12 и 22:20). Овој дуел претставуваше реприза на ланското финале, кое исто така го доби Црвена звезда.
Најдобар поединец беше Чарлс Џенкинс со 16 индекс поени, а постигна 15 поени, додека поефикасен од него беше Марко Симоновиќ со 16.
На првиот натпревар од 2.коло од АБА лигата во неделата Будуќност го победи Задар со 105:89.
Екипите на Црвена звезда и на Будуќност имаат старт во новата сезона со по две победи од два натпревара.
Денеска се играат три дуели од оваа рунда. Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот е домаќин на белградски Партизан, додека од 19 часот играат ФМП и Мега, а од 21 часот е дуелот Цибона – Морнар.
Утре и вториот македонски преставник во АБА лигата го игра дуелот од второто коло, Карпош Соколи е домаќин на Игокеа, додека Олимпија и Крка ќе играат на 5 декември.