Кошаркарите на актуелниот првак на АБА лигата Црвена звезда се изборија за пласман во финалето откако во вториот дуел од полуфиналето синоќа ја победија Цедевита во Загреб.
„Црвено-белите“ славеа победа со 73:65 (16:19; 18:20; 21:10 и 18:16). Ова беше триумф за 2-0 во победи.
Решавачката предност Црвена Звзеда ја направи во третата четвртина. На Крајот од првиот дел Цедевита водеше со 39:34, но во третиот период домашниот тим постигна само десет поени.
Најдобар поединец на дуелот беше Владимир Штимац, кој постигна 17 поени (7/10 за два поена), а имаше и шест скокови.
Кај Цедевита Џејкоб Пулен постигна 17 поени.
Поради настапите на Црвена Звезда во Евролигата не е познат точниот термин на финалната серија во која Црвена Звезда ќе игра против Мега Лекс, кој со 2-0 во победи го совлада тимот на Будуќност.