Кошаркарите на Црвена Звезда ја постигнаа 21. победа во АБА лигата откако синоќа во последниот дуел од 22. коло ја совладаа Цедевита со 78:63. Најдобар играч на натпреварот беше Лука Митровиќ со 14 поени и 9 скокови, додека Чарлс Џенкинс постигна 11 кај Црвена Звезда.
Миро Билан со 13 поени беше најпрецизен кај Цедевита.
На другите дуели од 22.коло беа постигнати следниве резултати: МЗТ Скопје – Игокеа 76:80, Олимпија – Будуќност 77:66, Мега – Крка 81:67, Цибона – Партизан 64:81, Левски – Металац 66:77, Задар – Шолнок 71:64.
Табела: Црвена Звезда 21-1 (победи-порази), Будуќност 16-6, Цедевита 15-7, Партизан 15-7, Олимпија 12-10, Крка 11-11, Задар 11-11, Металав 11-11, Шолнок 10-12,Мега 9-13, Цибона 9-13, Игокеа 7-15, МЗТ Скопје 6-16, Левски 1-21.