Кошаркарите на Црвена звезда го добија првиот натпревар од полуфиналето во АБА плеј-офот. Тие синоќа по продолжение ја совладаа Цедевита со 97:88 и поведоа со 1-0 во серијата прв до две победи.
Најефикасен во победничката екипа беше Квинси Милер со 24 поени, Мајк Цирбес уфрли 19.
Кај гостите од Загреб, Џејкоб Пулен реализира 24 поени, Миро Билан запиша 20 поени.
Следниот дуел меѓу овие две екипи се игра на 22 март во Загреб.
Водство со 1-0 во победи има и Мега Лекс против Будуќност. Овие два тима својата втора полуфинална пресметка ќе ја имаат на 19 март на теренот на Мега.