Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ најави можност белграѓани да не го играат четвртиот натпревар од АБА финалето со Будуќност.
– Најверојатно нема да излеземе на четвртиот натпревар од финалната серија со Будуќност. Не го тврдам ова со 100%, но постојат големи шанси за такво нешто, изјави Човиќ.
Неговата изјава е реакција на незадоволството на „црвено-белите“ од судењето во финалето од регионалната лига.
Претходно, Човиќ обвини за заговор против Црвена Звезда со цел да биде симната од тронот.
Будуќност води со 2-1 во серијата прв до три победи.
Четвртиот дуел е закажан за вечер во Подгорица со почеток во 21 часот.