Екипата на Црвена Звезда попладнево оствари нова победа во АБА лигата совладувајќи го Задар на домашен терен со 83:57 (20:20; 15:15; 23:8 и 25:14).
По изедначеното прво полувреме (35:35), актуелниот првак на АБА лигата, Црвена Звезда, во третиот период одигра одлично во одбраната и ривалот постигна само 8 поени или вкупно 22 во вториот дел, додека „црвено-белите“ постигнаа 48.
Најефикасни на дуелот беа Маик Цирбес (Црвена Звезда) и Иван Маринковиќ (Задар) со по 15 поени.
Вечерва се игра последниот натпревар од 16. коло од АБА лигата меѓу Мега и лидерот Будуќност.
На другите дуели од оваа рунда: МЗТ Скопје – Партизан 82:78, Игокеа – Металац 60:66, Сутјеска – Олимпија 86:78, Крка – Тајфун 103:96 (по продолжение), Цибона – Цедевита 69:81.
Табела: Цедевита 13-3 (победи-порази), Будуќност 13-2, Црена Звезда 12-4, Мега 10-5, Крка 8-8, МЗТ Скопје Аеродром 7-9, Тајфун 7-9, Задар 7-9, Олимпија 6-10, Партизан 6-10, Цибона 6-10, Металац 6-10, Игокеа 5-11, Сутјеска 5-11.