Црвена Звезда ја постигна и 15. победа во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Црвена Звезда ја остварија и 15-та победа во АБА лигата откако во првиот натпревар од 15-то коло славеа над шампионот во ова натпреварување Цибона со 80:64. По четвртини резултатот беше: 22:18, 21:18, 14:16 и 23:12.

Со серијата од 15 победи по ред Црвена Звезда го изедначи рекордот на Партизан во АБА лигата од сезоната 2007/2008.

Кај „црвено-белите“ најефикасен со 15 поени беше Никола Калиниќ, додека на натпреварот најмногу поени постигна Доминик Мавра – 20. Владо Илиевски во дресот на Цибона постигна осум поени, а имаше по четири скокови и исто толку асистенции.

Вечерва се играат уште три натпревари од 15-то коло. Од 19 часот се играат дуелите: Задар – МЗТ Скопје Аеродром и Цедевита – Олимпија, додека од 21 часот играат Крка – Партизан.

Натпреварите Будуќност – Игокеа и Мега – Левски се играат утре, додека последниот натпревар од оваа рунда меѓу Металац и Шолнок се игра во понеделник.

Табела: Црвена Звезда 15-0 (победи-порази), Будуќност 11-3, Цедевита 10-4, Олимпија 8-6, Цибона 8-7, Партизан 7-7, Крка 6-8, Мега 6-8, Задар 6-8, Шолнок 6-8, Игокеа 5-9, Металац 5-9, МЗТ Скопје 5-9, Левски 1-13.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска