Кошаркарите на Црвена звезда успеаја да ја одбранат титулата во АБА лигата по убедливите 3-0 во финалната серија со Мега Лекс.
На третиот натпревар од финалето одигран синоќа во Сремска Митровица „црвено-белите“ со убедливи 61:49 беа подобри од домашната екипа.
Квинси Милер со 18 поени и осум скокови беше најзаслужниот за победата на белграѓани, додека Раде Загорац со 21 поен е најефикасниот во Мега Лекс.
Ова најверојатно беше последниот натпревар од АБА лигата поради најавата за нејзино згаснување по санкциите од ФИБА за федерациите кои го поддржуваат регионалното натпреварување.