Црвена звезда е заинтересирана за Мејсон Гринвуд

Од:

Црвена звезда сака дополнително да го засили тимот за групната фаза од Лигата на шампионите, а според англиските медиуми прв пик е Мејсон Гринвуд.

Гринвуд е исфрлен од првиот тим на Манчестер Јунајтед по обвинувањата за сексуално вознемирување. Иако судот оцени дека е невин, младиот Англичанец нема иднина на „Олд Трафорд“.

Останатите клубови од Премиер лигата исто така се скептични околу ангажирањето на 21-годишниот фудбалер, па „Дејли мејл“ пренесува дека Црвена звезда сака да ја искористи таа ситуација.

Италијанскиот Лацио наводно влегол во преговори со Гринвуд, но договорот пропаднал. Се нагласува дека играчот побарал годишна плата од 750.000 евра, што е цифра која српскиот шампион може и сака да ја плати.

Гринвуд помина низ младинската академија на Манчестер Јунајтед, а дебитираше за репрезентацијата на Англија во 2020 година, на 19-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

УЕФА: Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг

Горан Наумовски

Короман доби забрана да и се приближува на поранешната девојка

Горан Наумовски

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Навивачите на Партизан со „топовски удари“ ги пречекаа кошаркарите на Црвена Звезда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше