Кошаркарите на Црвена ѕвезда се на чекор до одбрана на титулата во АБА лигата, откако во финалната серија против Мега Лекс поведоа со 2-0.
Црвена ѕвезда убедливо, со 93-74, стигна до победата во вториот натпревар против Мега Лекс.
Бранителот на титулата во текот на целиот натпревар ја имаше предноста на своја страна, во третата четвртина и предност од 17 поени, а конечниот удар на Мега и го зададе Симоновиќ со серијата на тројки кои ги постигна во последната четвртина.
Симоновиќ ја предводеше Црвена ѕвезда со 16 поени, Милер постигна 11, а Кинзи и Лазиќ по 10. Кај Мега најефикасен беше Ивановиќ со 22 поени, а по 16 кошеви постигнаа Загорац и Николиќ.
Третиот меч од серијата ќе се одигра на 2.мај во Сремска Митровица.