CITY PARK BOYS: Ќе останеме засекогаш со РАБОТНИЧКИ и кога сите вас ќе ве снема!

Од:

Навивачката група CITY PARK BOYS излезе со соопштение во врска со случувањата во нашиот најтрофеен кошаркарски клуб Работнички:

Како поминува времето станува повеќе од јасно дека КК РАБОТНИЧКИ полека, но сигурно стана бојно поле преку кое силите си ги одмеруваат политичките партии, а сето тоа на штета на клубот.

Од таквите гнасни политички игри единствениот што губи и се повеќе и повеќе тоне кон бездната во која е западнат, а спасот не се гледа ни од далеку, e Работнички. Секој ден се појавува по некој нарачан текст час од едните, час од другите и така сето тоа оди до недоглед, а решение нема никаде. Дали салата ГРАДСКИ ПАРК стана новото место каде што ке се кршат копјата и место за дневно-политички пресметки и наместо спортски можеме да гледаме политички пресметки.

Дај покажете малку зрелост и достоинство направете нешто добро за тој клуб во кој толку се колневте и искажувавте љубов кон него пред избори и едните и другите. Најдете друго место па таму вкрстете ги боксерските ракавици. Дали мора секој сегмент од живеењето да биде дел од вашите пресметки?

На прагот на новата сезона наместо да се формира тим, да се одработат подготовки, ние сме сведоци како едните не сакаат да си одат, а другите не можеле да ги сменат зошто претходниве одбиваат да си одат, смешно е сето ова што го правите, но смеата на крај ќе прерасне во плачка, откако се ќе отиде во бестрага од вашите детски игри без граници.

Револтот расте од ден на ден, сите се при крај со нервите и кога ќе ги превршите сите мери и едните и другите ќе се најдете на листата за одстрел кај сите оние кои искрено и безусловно го сакаат РАБОТНИЧКИ. Ние сме спремни и за најцрното сценарио дури и тогаш ќе останеме мирно и со подигнати глави да се соочиме со него ама тоа сме ние НАВИВАЧИТЕ НА РАБОТНИЧКИ. Ќе останеме засекогаш со РАБОТНИЧКИ и кога сите вас ќе ве снема!!!

Се моли присутниот квази новинарски џган кои опстојува по разно разни интернет портали повеќе да не не става во уста!

РАБОТНИЧКИ-НАШИОТ СВЕТ, НАШАТА МЛАДОСТ И САМО НАМ РАЗБИРЛИВА РАДОСТ!!!

CITY PARK BOYS

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски