Citroën C-Elysée подготвен за WTCC

Од:

Citroën е подготвен за настап на WTCC наредната година, а таму ќе биде C-Elysée, автомобил кој е поставен на 18-инчни тркала, на кои ќе има Yokohama гуми.

За погонот е задолжен 1,6-литарскиот четвороцилиндричен турбо мотор, кој развива 380 КС и 400 Nm обртен момент. Дистрибуцијата на силата на предната осовина се врши преку 6 степен менувач, а тука е и механичката блокада на диференцијалот.

Деталните перформанси на автомобилот се уште не се објавени, но со повеќекратниот шампион Себастијан Лоеб зад воланот, 380 коњски сили би требало да бидат повеќе од доволно за одлични резултати.

Официјалната премиера на автомобилот се очекува на Саемот на автомобили во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on