Екипата на Цибона синоќа ја постигна втората победа во АБА лигата откако во рамките на второто коло минiмално го совлада Морнар со 91:89.
По две победи во стартните кола имаат: Црвена Звезда, Будуќност и Партизан.
Цибона во поголемиот дел од натпреварот имаше водство, но Морнар во самата завршница успеа да дојде до предност. Решавачките поени ги постигна Анте Жижиќ кој беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а Морнар не го реализираше последниот напад.
На другите дуели од 2.коло:
МЗТ Скопје Аеродром – Партизан 62:93,
ФМП – Мега 98:84,
Црвена Звезда – Цедевита 88:64 и
Будуќмост – Задар 105:89.
Вечерва од 20 часот во Скопје играат Карпош Соколи и Игокеа, додека дуелот Олимпија – Крка се игра на 5 декември.