Актуелниот шампион на АБА лигата тимот на Цибона синоќа во последниот дуел од 4-тото коло ја оствари првата победа. Совладан беше големиот ривал од домашното првенство Задар со 77:76 (16:18; 19:22; 21:21; 21:15).
Задар имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, но најефикасниот играч на дуелот Џејмс Флоренс (19 поени) го промаши шутот за победа. Во редовите на Цибона се истакнаа Јуре Лалиќ со 18 поени и Џерел Блесингејм со 16 поени.
Табела: Црвена Звезда 4-0 (победи-порази), Будуќност 4-0, Олимпија 3-1, Крка 3-1, Цедевита 2-2, Задар 2-2, Шолнок 2-2, МЗТ Скопје Аеродром 2-2, Мега Визура 2-2, Игокеа 1-3, Цибона 1-3, Партизан 1-3, Левски 1-3, Металац 0-4.