Хрватското дерби во регионалната кошаркарска АБА лига меѓу Цибона и Цедевита му припадна на домаќинот по продолжението.
Дуелот од 4. коло одигран синоќа беше решен по дополнителните пет минути. Откако регуларните 40 минути завршија со нерешен резултат 76-76, во продолжението кошаркарите на Цибона беа поконцентрирани, но имаа и повеќе среќа од играчите на Цедевита, па дополнителните 5 минути ги решија во своја полза со 24:18, за конечна победа со 100-94 .
Во двата натпревари од оваа рунда одиграни претходно, Партизан славеше на гостувањето кај Задар со 104-97, а тимор на ФМП како гости го победи Морнар со 81-73.
Денеска во АБА лигата ќе се одиграат две средби, Мега – Петрол Олимпија и Црвена звезда – Будуќност, додека колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот меѓу Игокеа и МЗТ Скопје.