Човиќ МВП на 17. коло од АБА лигата

Од:

Кошаркарот на ФМП, Филип Човиќ е избран за најкорисен играч во 17. коло од регионалната АБА лига. Поранешниот плејмејкер на Црвена звезда оствари индекс на корисност 42 во триумфот на неговиот тим против Игокеа вчеравечер во Лакташи. Човиќ овој дуел го заврши со 36 поени, три скока и пет асистенции.

Во идеалната петока на колото место си обезбеди и Шарлон Клоф, членот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Холанѓанецот на гостувањето кај Цибона собра 29 индексни поени, исто како и Џамар Рајан од Цедевита.

Другите двајца во ТОП се Жељко Шакиќ од Цибона со 39 инд. поени и Октавиус Елис од Морнар со 31 инд. поен.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска